Блинкен разговараше со Столтенберг и Ле Дриан околу Украина, Нагорно-Карабах, Сахел

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со Јенс Столтенберг, генералент секретар на НАТО, како и со неговиот француски колега Жан Ив Ле Дриан, за напорите на НАТО сојузниците и партнерите од ЕУ, Г-7 и другите организации да се одговори на руското воено трупање сили на границите со Украина.

-И двајцата соговорници ја истакнале важноста да се дава постојана поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и да се осигура дека Русија е свесна за високата цена што би ја платила доколку изврши инвазија на земјата, јави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс за средбата со Столтенберг.

Блинкен и Столтенберг разговарале и за дипломатските напори Русија да се натера на деескалација и да почне содржаен и реципроцитетен дијалог, како и за обидите на САД и сојузниците за зацврстување на источното крило на Алијансата.

Со францускиот колега, Блинкен разговарал за постоечките напори на групата Минск да се поддржи разрешување на отворените прашања меѓу Ерменија и Азербејџан околу конфликтот во Нагорно-Карабах. Тие ги разгледале и случувањата во регионот Сахел во Африка.

Државниот секретар го истакнал значењето на ангажманот на НАТО со азиско-тихоокенските партнери и го напоменал лидерството на Франција во окончување на Ковид-19 пандемијата и другите области за соработка во тие напори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Столтенберг: Нарушена довербата на Украина во НАТО поради доцнењето на помошта

Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува да се меша во нашите претседателски избори

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО

Столтенберг ги повика земјите од НАТО да му ја дадат на Киев потребната муниција и противвоздушна одбрана

Столтенберг: Сите воени објекти во Русија се легитимни цели

Столтенберг: „Сојузот на авторитарни сили“ сè повеќе соработува против Западот