Блинкен на средба со министрите за надворешни работи на НАТО поради руската инвазија

Од:

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска ќе има средба во Брисел со министрите за надворешни работи на НАТО, во врска со руската инвазија на Украина.

Блинкен треба да присуствува на специјален самит, заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба. Поканети се и министерките за надворешни работи на Велика Британија и Канада, Лиз Трас и Мелани Џоли.

Потоа, Блинкен ќе патува во Источна Европа, за да разговара за инвазијата, со сојузници. Планирано е утре тој да биде во Полска, пред да се упати кон Молдавија, а потоа ќе ги посети Литванија, Летонија, Естонија. Патувањето е планирано да заврши до 8 март.

Веќе девет дена трае руската инвазија на Украина, со жестоки борби низ зафатената нација, како и зголемени извештаи за воени и цивилни жртви и повеќе од еден милион бегалци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина