Блинкен и Лавров ќе се состанат, ако Русија не ја нападне Украина

Од:

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен ќе има состанок следната недела со рускиот колега, Сергеј Лавров, „доколку Русија не ја нападне Украина“, соопшти доцна синоќа Стејт департментот, јавија Бета.

Портпаролот на американската дипломатија, Нед Прајс, изјави дека Блинкен му понудил состанок на Лавров, во Европа, Русите прифатиле и понудиле датуми за крајот на наредната недела. Тие се согласиле, но, како што појасни Прајс, под услов да не дојде до руска инвазија врз Украина.

– Доколку извршат инвазија во наредните денови, тоа јасно ќе покаже дека никогаш не ни биле сериозни кога е во прашање дипломатијата, додаде Прајс.

Според официјално лице во Белата куќа, американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе разговара со „со трансатлантските лидери за руските војници, кои се насобрани на границата со Украина“, како и за напорите за доминација на дипломатијата во решавање на украинско-руската криза.

Би можело да ве интересира

Лавров: Косово е „територија на целосно беззаконие“

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија