Блинкен е уверен дека Шведска и Финска ќе влезат во НАТО мошне скоро

Од:

САД се уверени дека приемот на Финска и Шведска во НАТО наскоро ќе биде одобрен, и покрај задршката со ратификацијата од страна на Турција и Унгарија, изјави синоќа американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

По средбите со колегите од Финска и Шведска, Блинкен кажа дека двете земји демонстрирале искреност во своите намери да стапат во алијансата и да се придружат на напорите на НАТО во пружање помош за Украина и одбивање на руската агресија.

Речиси сите 30 членки на НАТО веќе ги одобрија барањата на Финска и Шведска да се зачленат во алијансата, кои тие ги поднесија по руската инвазија на Украина. Турција и Унгарија се единствените земји кои сеуште ги немаат ратифицирано протоколите за влезот на двете скандинавски земји.

-Двете страни презедоа значајни, конкретни дејства за исполнување на своите обврски, вклучително и оние што го загрижуваат нашите сојузник Турција, во сферата на безбедноста. Во време кога процесот за нивниот прием продолжува, САД цврсто го поддржуваат зачленувањето на Финска и Шведска, изјави Блинкен.

Притоа, Блинкен претпостави дека загриженоста на Турција посебно по повод минатата подршка на Шведска на курдски милитантни групи, кои за Анкара се закана, наскоро ќе биде отстранета.

Шведска неделава екстрадираше во Турција осуден член на Работничката партија на Курдистан, забранета во земјата. А парламентот на Унгарија најави дека ќе гласа за раширувањето на НАТО на почетокот на идната година.

-Убеден сум дека ратификациите на Турција и Унгарија скоро ќе бидат направени и дека во најскоро време НАТО официјално ќе ги поздрави своите нови членки – Финска и Шведска, рече Блинкен на заедничката прес со своите колеги Тобијас Билстрем и Пеко Хаависто, шведскиот и финскиот министер за надворешни работи.

Блинкен рече дека војната на Путин во Украина имаше обратен ефект „ако тој мислеше да дава отпор на проширувањето“.

-Не му успеа да ја ослаби алијансата. Напротив таа стана посилна и поголема, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски