Блер: Се враќам во политиката поради Брегзит, ќе ги извалкам рацете

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека „Брегзит директно го мотивирал да се вклучи во политиката“, 20 години откако убедливо триумфираше на парламентарните избори.

– Морате да ги извалкате рацете и јас тоа ќе го направам, изјави Блер за британскиот таблоид „Мирор“.

Тој додаде дека целта му е да „обликува политичка дебата“ за Брегзит, но оти во моментот не планира да се врати во првите политички редови ниту да стане пратеник.

„Дејли телеграф“ изјавата на Блер ја протолкува како поставување на темели за формирање на нова политичка партија или движење.

Блер тврди дека формирање на движење против Брегзит не е спротиставување на волјата на народот кој гласаше за излегување од Европска унија на минатогодишниот референдум.

– Тоа нема врска со спротиставување на волјата на народот. Се работи за тоа што волјата на народот може да се смени кога ќе го видат конечниот договор (за Брегзит), посочи Блер.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он