Бил Гејтс: Фејсбук е виновен за брзото ширење на коронавирусот

Од:

Основачот на „Мајкрософт” – Бил Гејтс го обвини Фејсбук и другите социјални мрежи за брзото распространување на коронавирусот во САД, поради дезинформациите на нив.

– Какво иноваторство видовме? За жал, дигиталните технологии и платформи, веројатно придонесоа за распространувањето на ова што јас го сметам за луди идеи. Социјалните мрежи би можеле да бидат и пополезни за справување со ваквата и слични кризи, ако беше обезбедено споделувањето точни и веродостојни податоци, изјави Гејтс во последното свое интервју.

Тој натаму додава дека дезинформациите убедиле поголем дел од населението, оти некои мерки против Ковид-19, како што е носењето маски и физичкото растојание, не се неопходни, наводно.

Од почетокот на пандемијата, платформите распространуваат различни теории на заговор и лаги, поврзани со коронавирусот. На пример, се тврдеше дека новите кули за безжична комуникациска технологија за 5-Г придонесуваат за ширењето на заразата, и оти 5-Г ги напаѓа и го ослабнува имунитетот на луѓето. Тоа се непроверени, неточни и лажни податоци.

Би можело да ве интересира

Бил Гејтс бара УСАИД да продолжи со својата работа

Бил Гејтс призна за што најмногу жали во животот

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска