Би-Би-Си: Париз стравува дека отстапките на ЕУ кон Лондон „одат предалеку“

Од:

Последната средба на британскиот премиер Дејвид Камерон со францускиот претседател Франсоа Оланд, уште еднаш ги покажа резервите на официјален Париз кон реформите кои ги бара Лондон за да остане членка на ЕУ, пишува Би-Би-Си.

Во текот на средбата во Елисејската Палата, британскиот премиер и францускиот претседател се согласиле дека е „направен напредок“ околу договорот Лондон-Брисел и дека тој е „добра основа“ за постигнување согласност на Самитот на ЕУ, што почнува утре попладне во Брисел.
На средбата од пред два дена, од француска страна, сепак, била изразена отворена загриженост за тоа дека отстапките што Унијата ги прави кон Велика Британија се работа „која оди предалеку“.

Според Би-Би-Си, Франција е загрижена од барањето на Камерон за заштита на земјите-членки на ЕУ, кои не се дел од еврозоната (како Велика Британија) од регулативата што ја бара и носи Европската монетарна унија (ЕМУ).

Ваквото барање, Лондон го семта за сосема разумно, затоа што повеќето земји од ЕУ се членки и на ЕМУ и го користат еврото како своја валута и се почесто, особено по должничката криза во Грција, се покажа дека треба уште повеќе да се интегрираат и да се координираат кога треба да се брани заедничката валута.

Но, Франција во барањето за „заштита“ за земјите надвор од ЕМУ гледа скриена намери на британскиот премиер.

Официјален Париз смета дека со своите барања британскиот премиер настојува да обезбеди „нефер привилигувана положба“ за лондонскиот финансиски центар Сити, како и на „мала врата“ да обезбеди право на вето на Велика Британија врз одлуките на еврозоната, а преку тоа и за сите финансиски правила на ЕУ.

Во својата анализа на гледањето на Париз кон условите што ги поставува Лондон за да остане дел од Унијата, Би-Би-Си забележува дека француската економија е бавна во глобални рамки, наспроти британската, па затоа не им верува на „добрите намери“ на Камерон дека она што го бара е добро за сите во ЕУ.

Проблемот за Париз е што Оланд се наоѓа на една година пред претседателските избори и тој не би сакал да му се замера што и овозможил на Велика Британија, уште и финансиски да профитира, констатира британскиот медииум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили