Би-Би-Си: Обама се коцка со Сирија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама со одлуката да побара од американскиот Конгрес одобрение за воена акција во Сирија, влегува во најголемиот коцкарски ризик од почетокот на својот мандат, оцени денеска Би-Би-Си.

Уредникот на британскиот јавен сервис за Северна Америка, Марк Мардел наведува дека потегот на Обама да го одложи донесување на одлука и да побара одобрение од Конгресот „очигледно шокирал многумина од неговите блиски соработници“.

Победата, се вели во текстот, е осигурана во Претставничкиот дом на Конгресот, кој го контролираат републиканците, а кои се заговорници на нападот врз Сирија.

– Можеби не е толку сигурна во Сенатот, тоа ќе биде слободно гласање и нема да има формални обиди на партиските лидери да влијаат врз своите колеги, наведува уредникот на Би-Би-Си.

Иако конгресмените во Капитол хил беа детално известени за безбедносните информации поврзани со наводниот хемиски напад во предградието на Дамаск на 21 август, неколкумина сенатори и конгресмени и натаму не се уверени во оправданоста на интервенцијата.

Најмалку двајца сенатори, еден републиканец и еден демократ, сметаат дека нацрт-резолуцијата на Белата куќа, во која се бара одобрение да се „стопира, спречи и намали“ способноста на сириските власти да употребат хемиско оружје, остава премногу отворени можности за начинот на кој треба да се изврши нападот.

– Доколку Обама не ја добие поддршката од Конгресот, тоа ќе претставувува катастрофа за американскиот претседател, смета Мардел.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас