Бездомник вратил дијамантски прстен и за една недела добил донации од 86.000 долари

Од:

Били Реј Харис, бездомник од Мисури, се дојде во центарот на вниманието на јавноста во почетокот на февруари, кога вратил дијамантски прстен кој случајно паднал во неговото чинивче за собирање милостиња. Во знак на благодарност, сопственичката Сара Дарлинг покрена, заедно со нејзиниот сопруг, хуманитарна акција во која за Харис се собрани повеќе од 86.000 долари.

Не сум сигурна како сте се нашле во ваква ситуација, но откако видов како постапивте, убедена сум дека сте чесен и добар човек”, напиша Воланда Шилдс на сајтот за прибирање на финансиски средства за Харис. “Додека ве гледав на вести пред некој ден, моите солзи почнаа да ронат од моите очи, затоа што помислив што би направиле многумина други, додаде жената, која донираше 1.000 долари.

Сара Дарлинг и нејзиниот сопруг, Бил Крејчи, кои ќе останат во контакт со Харис, велат дека се воодушевени од него и од реакциите на луѓето на повикот да донираат пари.

Не можам да најдам зборови за да го искажам чувството да бидеш дел од ова, напиша Крејчи.

Харис, кој го подигал дедо свештеник, изјави за КЦТВ дека одлуката да го врати прстенот за него била најнормална работа во светот и дека не мисли оти неговото однесување заслужува толкаво внимание.

“Она што навистина ми паѓа на ум”, рече тој, “е каде отиде светот, кога некој кога враќа нешто што не му припаѓа, го предизвикува сето ова?”

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас