Бесплатен влез за жените во италијанските музеи

Од:

Жените, денеска, на Меѓународниот ден на жените ќе можат бесплатно да ги посетат италијанските музеи, објави италијанскиот министер за култура Дарио Францешини и додаде дека од сега тоа ќе стане традиција. 

Тој нагласи дека по повод Денот на жената, во неколку музеи низ земјата ќе има соодветна програма. 

Инаку, Италија минатата година забележа рекорден број на посетители на музеите, односно 43 милиони, со кои остварила добивка од 155 милијони евра. 

Освен римскиот Колосеум, кој привлекол најмногу посетители (6.551.046), други најпосетени места биле Помпеја (2.934.010), неколку музеи и галерии во Фиренца, меѓу кои најмногу посетители имало во Галеријата Уфиз (1.971.596), торинскиот Египатски музеј и палатата Венариа во близината на градот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески