Берзани не успеа да формира влада

Од:

Лидерот на италијанската левица Пјер Луиџи Берзани соопшти дека е неуспешен неговиот обид да формира влада, по нерешените избори одржани минатиот месец, кои Италија ја ставија во политичка пат-позиција.

Она на што овие денови работев, не донесе позитивни резултати – изјави Берзани, по разговорот со претседателот Џорџо Наполитано, кој треба да избере нова личност која ќе ја води Италија.

Оваа вест ја потврди и официјално лице од претседателската канцеларија, откако стана јасно дека Берзани не доби доволна поддршка да формира влада.

Генералниот секретар на Наполитановата канцеларија, Донато Мара соопшти дека Берзани го извести претседателот дека не нашол решение за состав на владата и дека Наполитано сега треба сам да ја разгледа можноста.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески