Берлускони се шегувал дека му е понудено да биде руски министер

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се шегувал кога минатата недела изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му понудил да го предводи Министерството за економија во руската Влада, истакна Дебора Бергамини, портпаролка на Берлускони.

Изјавата на Берлускони за несебичната понуда на неговиот пријател Путин беше пренесена во сите светски медиуми, но неговата портпаролка нагласи дека тој само се шегувал, што го потврдува и портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кој објасни дека рускиот претседател никогаш не му понудил министерска функција на поранешниот италијански премиер.

Песков додаде дека Путин му понудил на Берлускони само „метафоричка поддршка, што не била понуда за официјална функција“, притоа објаснувајќи дека странци не можат да работат во рускиот владин кабинет.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години