Берлускони примен во болница поради проблеми со срцето

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони бил итно примен во болницата во Монако поради проблеми со срцето, изјави неговиот личен лекар.

Лекарот Алберто Зангрило синоќа изјави дека во понеделнеикот се видел со Берлускони и тогаш решил да го префрли во блиската болница затоа што сметал дека не е мудро да го врати во Италија, чија граница е на 15 километри од малата град-држава.

Засега не е познато дали Берлускони го надминал здравствениот проблем.

Поранешниот 84-годишен италијански премиер во 2016 година имаше посериозна операција на срцето, а подоцна преживеа и карцином на простата.

Би можело да ве интересира

Oтворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун подели милиони, а им напиша последна порака на децата

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта ќе биде сместена во мавзолеј

Берлускони ќе биде погребан со државни почести, oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две