Берлускони повторно примен во болница

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болницата „Сан Рафаел“ во Милано, објави неименуван извор од неговата партија Форца Италија.

Тој рече дека Берлускони (84) синоќа бил примен во болница на „темелно клиничко испитување“, без да даде детали.

Берлускони беше во болница во неколку наврати минатата година, откако се зарази со коронавирусот во септември лани.

Тогаш го нарече вирусот „најопасниот предизвик“ во неговиот живот.

Берлускони, кој беше премиер на Италија четири пати, имаше операција на срце во 2016 година, а исто така имаше и рак на простата. Тој беше примен во болница во мај, кога помина пет дена во „Сан Рафаел“.

Би можело да ве интересира

Oтворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун подели милиони, а им напиша последна порака на децата

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта ќе биде сместена во мавзолеј

Берлускони ќе биде погребан со државни почести, oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две