Берлускони повика на нови избори, доколку не биде коалиција

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (76) охрабрен од најновите резултати од истражувањето на јавното мислење според кое неговата коалиција на десниот центар води, изјави дека Италија мора да се врати на изборите многу бргу, доколку коалицијата на левиот центар не се договори со него за заедничка влада.

-Од пресудно значење е да се формира јака и стабилна влада веднаш – напиша на својот Твитер профил Берлускони.

Според него доколку Демократската партија продолжи да го одбива неговиот повик за широка коалиција, тогаш веднаш мора да се вратат на изборите.

Но, Берзани упорно се обидува да ја отфрли големата коалиција со Берлускони.

Најновите истражувања за јавното мислење ма агенцијата SWG покажува дека коалицијата на Берлускони води со 31,4 процени гласови, со 2,1 повеќе во однос на коалицијата на левиот центар.

На изборите одржани во февруари коалицијата на Берлускони го освои второто место, а коалицијата на левиот лидер Пјер Луиџи Берзани доби најмногу гласови, но недоволно за да има мнозинство во парламентот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески