Берлускони подготвува враќање на политичката сцена во Италија: Тоа ќе ги направи луѓето среќни

Од:

Познатиот италијански бизнисмен и поранешен премиер, Силвио Берлускони, подготвува враќање на политичката сцена за изборите кои треба да се одржат следниот месец, велејќи дека таквиот потег „ќе ги задоволи сите“, пишува „Гардијан“.

Берлускони, поради и добри и лоши работи, ужива солидна популарност во и надвор од Италија, а 85-годишниот бизнисмен никако да се откаже од своите стремежи за повторно да се врати на тронот.

Иако повеќето луѓе на негова возраст уживаат во пензионерските денови, поранешниот италијански премиер одлучи повторно да влезе во трката за наследник на Марио Драги.

„Тоа ќе ги направи луѓето среќни“ изјави тој за Раи.

„Политико“ пишува дека популарноста на Берлускони во последниве години опаѓа, а неговите здравствени проблеми го принудија моментално да се повлече од политиката, но Берлускони вели дека сега се чувствува добро и дека е подготвен за новите избори.

Би можело да ве интересира

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две

ЕК: Вотката од Путин за Берлускони ги прекршува европските санкции

А1он

Берлускони: Путин ме опиша како прв од неговите пет вистински пријатели, ми подари 20 шишиња вотка

А1он

ДПА: Берлускони шокира пред изборите со коментар за Путин

Ана Ололовска