Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони рече дека во случај Врховниот суд да ја потврди пресудата за финанскиските малверзации, повеќе би сакал да замине во затвор, отколку во центарот каде што обвинетите извршуваат општествено-корисна работа.
Врховниот суд треба во вторник да ја разгледа жалбата на Берлускони, за пресудата за финансиски малверазции во рамките на аферата „Медиасет“, во која е осуден на четири години затвор.
– Имам речиси 78 години и имам право казната да ја извршувам во домашен притвор. Но доколку ја потврдат пресудата, сакам да заминам во затвор, изјави тој.
Елена Георгиевска