Берлускони ќе и плаќа 1,4 милиони евра месечно на поранешната сопруга

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони на својата поранешна сопруга Вероника Ларио ќе мора да и плаќа 1,4 милиони евра месечно според пресудата за договорен развод.

Педесет и осум годишната Ларио била 25 години во брак со италијанскиот медиумски магнат и политичар, пред да се разведе од него минатата година.

Првично било пресудено Берлускони да и плаќа алиментација во износ од три милиони евра месечно, но 78-годишниот милијардер поднесе жалба на пресудата.

Двојката Ларио-Берлускони се запознале во 1980 година, се венчале во 1990 година и имаат три деца. Берлускони има уште две деца од првиот брак.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години