Берлускони инсистира за политичка влада и е подготвен за коалиција со Берсани

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави денеска дека е подготвен да ја поддржи владата со левоценстристите на Пјер Луиџи Берсани, но ја отфрли идејата за влада на технократи.

Берлускони по консултациите со претседателот Џорџо Наполитано изрази уверување дека постојат можности за постигнување спогодба со Берсани во однос на пакетот мерки, кои ќе и помогнат на Италија да се справи со економската криза.

Сепак тој потенцира дека владата треба да биде составена од политички партии, поради, како што рече, трагичното искуство со кабинетот на Марио Монти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески