Берлускони: Или коалиција со Берсани или нови избори

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави денеска дека лидерот на левиот центар Пјер Луиџи Берсани мора да влезе во коалиција со неговата партија или во Италија треба повторно да се организираат избори.

Во интервју во утринските вести во емисијата Ла телефоната на Канал 5, која е во сопственост на неговата компанија Медиасет, Берлускони рече дека или Демократската партија ќе биде одговорна и ќе се отвори кон влада со неговата Народ на слободата или како единствено решение се наметнува организирање избори во најкус можен рок.

Берлускони исто така нагласи дека е подготвен да учествува на изборите доколку повторно бидат организирани, бидејќи, како што рече, чувствува голема одговорност.

Тој на своите приврзаници собрани во саботата во Рим им порача дека е подготвен за нови избори.

На изборите одржани минатиот месец коалицијата на десниот центар на Берлускони се пласираше на второто место, а коалицијата на левичарскиот лидер Пјер Луиџи Берсани доби најмногу гласови, но недоволно за да има мнозинство во Парламентот.

Берлускони минатата година е осуден за даночна измама, за оддавање службена тајна, а му се суди и за сексуални односи со малолетничка, како и за злоупотреба на положбата додека бил премиер.

Лидерот на левицата, Луиџи Берсани доби во петокот зелено светло за формирање на нова италијанска влада од претседателот на Италија Џорџо Наполитано.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески