Берлускони даде поддршка за граѓанската инцијатива за хомосексуалци

Од:

Поранешниот италијански премиер, Силвио Брлускони изјави дека ја поддржува легализацијата на граѓанските заедници за хомосексуалци, но не и истополовите бракови.

Лидерот на најголемата италијанска партија на десниот центар, истакна дека со одобрување на граѓанските заедници за хомосексуалци ќе се постигне „вистински компромис“ помеѓу слободата и „почитување на христијанските вредности и традиционални семејства“.

Инаку свршеничка на 78-годишниот Берлускони, Франческа Паскале неодамна рече дека е прврзаник за легализација на истополовите бракови. Берлускони како пример ја наведе Германија, каде што од 2001 година е можно формирање на граѓанска заедница, но не и официјален брак за истополовите парови.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага