Берлускони бара Судот во Стразбур да му ја укине забраната за политичко дејствување

Од:

Правниот тим на Силвио Берлускони побара од Европскиот суд за човекови права да му дозволи на поранешниот италијански премиер да може повторно да извршува јавни функции.

Десничарската партија Форца Италија на Берлускони неодамна имаше успешен настап на регионалните избори во Италија и се подготвува да ја предизвика левоицентристичката Демократската партија на Матео Ренци на претстојните парламентарни избори.

Берлускони доби забрана за политичка активност поради пресудата за даночна измама во 2013 година. Забраната треба да му истече во 2019 година, а изборите се очекува да се одржат на почетокот на 2018 година.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години