Бербок ги повика Израел и Палестинците да ги обноват разговорите

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ги повика Израел и Палестинците да ги обноват мировните преговори кои со години мируваат, за време на посетата на Рамала на Западниот Брег.

– Германија е подготвена да им понуди помош на двете страни, рече Бербок на состанокот со Ријад ал Малики, министер за надворешни работи на Палестинската национална управа.

– Среќна сум што замрзнатите односи во последните години се чини дека се надминати до одреден степен, рече Бербок во врска со почетните чекори за градење доверба преземени од новата израелска Влада во однос на Палестинците, јави ДПА.

Ал-Малики го истакна отсуството од израелската страна во моментов како партнер за нова рунда мировни преговори, бидејќи израелскиот премиер Нафтали Бенет го отфрла решението на две држави.

– Се надеваме дека Германија ќе го убеди Израел да седне со нас на маса, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски