Бепе Грило осуден на една година затвор поради клевета

Од:

Лидерот на италијанското популистичко Движење „Пет ѕвезди“, Бепе Грило е осуден на една година затвор поради клеветење на угледен научник и универзитетски професор.

Професорот Франческо Батаља тврди дека бил изложен на закани и навреди, како и дека тешко бил оштетен неговиот автомобил. Сето тоа се случувало откако Грило почнал јавно да го напаѓа, да му суди и да го критикува затоа што ја подржува нуклеарната енергија.

Малку е веројатно дека лидерот на „Пет ѕвезди“, која е втора по големина партија во Парламентот во Рим, ќе оди на издржување на затворската казна, но тој се соочува и со парична казна од 50 илјади евра, што сосема извесно ќе мора да ја плати.

Грило се смета себе си дека е налик на поранешниот италијански претседател и антифашиста Сандро Пертини и на првиот црнечки јужноафрикански претседател Нелсон Мандела.

– Ако тие големи личности биле во затвор за своите политички убедувања, ќе одам и јас, затоа што како мене (за нуклеарната енергија) мисли големо мнозинство од Италијанците, изјави Грило по соопштување на казната.

Батаља, професор на универзитетите во Модена и Реџо Емилија, бил речиси редовно изложен на клевети и напади од Грило на бројни митинзи што ги организирало неговото движење, уште од 2011 година.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага