Бенон: Не е Русија туку Кина е закана за Западот

Од:

Поранешниот главен стратег на Белата куќа, Стив Бенон изјави дека Кина, а не Русија, е основната закана за западниот свет.

Тој наведе дека „отровната“ атмосфера која настанала во Вашингтон за време на истрагата за руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година ги уназади напорите заедно со Русија да се обедини „јудео-христијанскиот запад“.

– На крај мораме да го обединиме јудео-христијанскиот запад, а Русија е дел од тоа, а сега тоа ќе потрае уште многу, многу децении, посочи Бенон.

Тој ја пофали работата на специјалниот истражувач Роберт Малер, чија истрага покажа дека изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп не е соработувал со Русите, а целиот процес го опиша како попречувачки.

Бенон, кој е католик, исто така го нападна папата Франциско, кој често повикува на прифаќање и сочувство кон мигрантите, истакнувајќи дека тој би требало повеќе да се насочи кон решавање на состојбата во црквата поради обвиненијата за сексуално злоставување и да не се меша во политика.

Бенон работи во Италија на обединување на гласачите на националистите пред претстојните избори за Европски Парламент.

Би можело да ве интересира

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Освен Кина, Русија има уште еден моќен сојузник

Предраг Петровиќ

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“