Бен Гвир: Ослободувањето на палестинските затвореници е неприфатлива цена за договор

Од:

Израелскиот министер за национална безбедност и лидер на крајната десница, Итамар Бен-Гвир, во вторникот го критикуваше планот за ослободување на палестинските затвореници како „неприфатлива цена“ за постигнување договор за Газа. Тој додаде дека нема да биде дел од влада што ќе му дозволи на Хамас да владее во Газа.

Бен-Гвир рече дека тој и членовите на неговата партија „Оцма Јехудит“ (Израелска сила) ќе се спротивстават на планот за размена и прекин на огнот, тврдејќи дека таков договор би ја загрозил безбедноста на Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

„Ако владеењето на Хамас не се укине или ако ни се каже само дека е укинато, но во реалноста продолжува да постои под маска, „Оцма Јехудит“ ќе ја собори владата“, рече Бен Гвир во објава на социјалната мрежа X.

Неговите изјави доаѓаат во време кога израелскиот кабинет се подготвува да разгледа и евентуално да ратификува договор за прекин на огнот и размена на заложници што предвидува ослободување на голем број палестински затвореници.

Би можело да ве интересира

Хамас: Висок службеник за внатрешна безбедност е убиен во централна Газа

Хамас: Вооружениот отпор е легитимно право, подготвени сме за техничка администрација во Газа

Военото крило на Хамас се заканува дека ќе му одговори на Израел за убиството на нивниот заменик-командант

Убиен е врховен командант на Хамас

Горан Наумовски

Хамас за прв пат е обвинет за злосторства против човештвото во Газа

Трамп: Планирам да назначам Комитет за мир во Газа на почетокот на следната година