Белорускиот премиер Головченко ја прими руската вакцина против Ковид-19, вели дека се чувствува добро

Од:

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко, ја прими руската вакцина против коронавирус, соопшти неговата портпаролка Александра Исајева.

„Премиерот ја прими вакцината во четвртокот, на 3 септември, по состанокот со премиерот на Русија, Михаил Мишустин и тој се чувствува одлично“, рече Исајева.

Одлуката на Головченко за примање на руската вакцина „Спутник пет“ ја објави Мишустин за време на состанокот со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Претходно, Лукашенко се согласи со рускиот претседател Владимир Путин дека Белорусија ќе стане една од првите земји во светот што ќе ја добие руската вакцина која беше регистирана на 11 август, пренесе ТАСС.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски