Белорусија наскоро може да ја нападне Украина, вели висок функционер на НАТО

Од:

Белорусија наскоро може да ја нападне Украина и се подготвува да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на своја територија. Ова го изјави висок функционер на НАТО, кој побара анонимност, цитиран од Гардијан. Според него, белоруската влада подготвува терен за да ја оправда таквата офанзива и распоредувањето на руско нуклеарно оружје.

„Не ви велам дека утре ќе го положат нуклеарното оружје. Мислам, тие презедоа политички чекори за да можат да добијат нуклеарно оружје доколку се донесе таква одлука“, вели тој.

Според него, силите на Украина и Русија се блиску до пат-позиција, ако се уште не ја достигнале, а тоа ќе доведе до долга борба со загуба на животи и многу штети. „Ниту една страна не може да победи. Ниту едната нема да капитулира“, вели функционерот на НАТО.

Белорусија се уште ја поддржува руската војна, бидејќи силите на Москва влегоа во нејзината граница кон Украина. На референдумот пред еден месец, властите објавија дека жителите гласале за измени на уставот со кои се дозволува Белорусија да има нуклеарно оружје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски