Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Од:

Во близина на градот Запорожје се градат утврдувања како подготовка за потенцијална руска офанзива, иако некои украински команданти сметаат дека Русија се уште не е подготвена за напад од големи размери во оваа област, пишува Економист.

„Украинските разузнавачи веруваат дека Русија се подготвува за смел напад врз градот Запорожје, на 30 километри од фронтот. Кога точно никој не знае, но има смисла. Како еден од трите преостанати центри на тешката индустрија во земјата, главниот град на провинцијата останува клучен за опстанокот на Украина како функционални држави“, пишува Економист.

Во извештајот се наведува дека се градат нови одбрани во прстени кои се шират од центарот на областа.

„Работата е темелна – мински полиња, инженерски пречки и конструкции направени од бетон и железо – за разлика од похаотичната слика во соседната провинција Доњецк, сè уште место на најжестоките борби“, се вели во написот.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија