Белорусија ја обвини Украина за воена провокација на границата

Од:

Белоруската гранична стража тврди дека камерата на контролен пункт на украинско-белоруската граница снимила украински војник кој „илегално ја преминал границата, ја фотографирал и снимал областа и ставил нешто во снегот“.

Ваквите гранични ситуации „може да доведат до вооружен конфликт“, рече белоруската гранична стража.

Украинските власти се уште не ги коментирале наводите.

Белорусија учествуваше во руската агресија против Украина дозволувајќи им на руските трупи да ја користат белоруската територија за напад на Украина, а ја снабдуваше Русија и со оружје.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков