Белгиското кралско семејство патува со лажни пасоши без знаење на министерот за надворешни работи

Од:

Министерот за надворешни работи на Белгија Дидие Рендерс не бил информиран дека претставниците на кралското семејство патуваат со пасоши со лажни имиња, се наведува во соопштение на Министерството, според кое праксата за издавање пасоши со псевдоними на кралското семејство е стара стотина години.

Локалните медиуми вчера објавија дека таквите пасоши, дефинирани како лажни, се користат од безбедносни причини. Според властите пасошите со лажни имиња се користат само при лични патувања на членовите на кралското семејство. Минисерството за надворешни работи нагласува дека пасошите се документи за патување, а не за лична идентификација, поради што содржат псевдоними.  На пример, кралот Филип за време на патувањата во странство користи пасош под името Филип Дермил.

Претходно белгиските медиуми објавија дека патните исправи со псевдоними, наместо со вистинските имиња, на членовите на кралското семејство, им биле издадени од Министерството за надворешни работи, како и дека ваквата информација ја потврдил и поранешниот шеф на белгиската дипломатија Марк Ејскес.

Белгиското МНР нагласи дека согласнo граѓанскиот регистар имињата на кралот и кралицата се составени од првите имиња и нивните титули. Согласно тоа нивните диплoматски пасоши се водат на Филип – крал на Белгија и Матилда – кралица на Белгија. При официјални посети кралот и кралицата ги користат единствено дипломатските пасоши, додека за приватни патувања користат граѓански пасоши, во кои имињата се заменети со псевдоними, но министерството водело регистар на ваквите посети, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски