Белгиските власти обвинија уште две лица за тероризам

Од:

Белгиските власти обвинија уште двајца мажи за терористички активности во врска со изнајмување објекти за кои се смета дека биле користени како „сигурни куќи“ на терористи пред извршените напади минатиот месец во Брисел, соопшти денеска белгиското обвинителство.

Двете лица, против кои вчера се покренати обвиненија, полицијата ги идентификувала како Смаил Ф., роден 1984 година, и Ибрахим Ф., роден 1988 година, но не нагласи кога се уапсени.

– Тие се обвинети за учество во активности на терористичка група, терористички убиства и обиди за терористички убиства, како извршител или соучесник, истакна обвинителството.

Полицијата во саботата изврши акција во сомнителната „сигурна куќа“ во бриселскиот кварт Етербек, но не пронајде оружје, ниту експлозив.

Белгиски медиуми објавија дека двајцата обвинети биле забележани на видео снимка од безбедносни камери како влегуваат во оваа куќа еден ден по нападите во Брисел и од неа изнесуваат неколку торби.

Вкупно шестмина осомничени се уапсени и обвинети од крајот на минатата недела, па досега, како резултат на истрагата која ја спроведуваат белгиските власти од бомбашките напади на 22 март во Брисел, во кои загинаа 32 лица.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски