Белгиските експерти ја разгледуваат опцијата за неделно тестирање на населението

Од:

Според експертите од Белгија, едно од решенијата за излез од санитарната криза и рестриктивните мерки е да се тестираат сите граѓани во земјата на неделна база.

Информацијата денеска ја пренесува националната агенција Белга.

-Тоа е една од можните стратегии за да се спречи трет бран, но за тоа ќе биде потребна политичка одлука, изјави за агенцијата Питер Лубин.

Идејата е секоја недела да се тестира целокупното белгиско население за да се детектираат позитивните случаи и да се изолираат на време за да исчезне целосно вирусот. Генерализираното тестирање би се правело преку групи од 32 лица, доколку една е група е позитивна, тогаш се вршат индивидуални тестови, вели експертот Лубин.

Сепак постои ризик да се пропуштат случаи поради тоа што околу десет отсто од тестовите се лажни негативни резултати, но експертите тврдат дека работат на доволно сензитивен модел на тестирање.

За да може да се реализира оваа стратегија потребно е стапката на инфекции да се намали, но и самите граѓани да ја прифатат мерката.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски