Двата главни аеродроми во Белгија ќе добијат казна од 300 илјади евра вкупно затоа што недозволено им мереле температура на патниците за време на кризата со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Одлуката доаѓа од белгиското тело за заштита на личните податоци (АПД), кое соопшти денеска дека аеродромот во Брисел е казнет со 200 илјади евра, а аеродромот во Шарлероа со сто илјади евра затоа што мерењето на телесната температура на патниците се правело без никаква правна основа, и со тоа било нелегално.
Аеродромите во Белгија ја донесоа оваа одлука во рамките на борбата за спречување на ширење на вирусот Ковид-19.
Извор: МИА