Белгискиот аеродром Шарлеро ќе биде отворен од 15 јуни

Од:

Иако сѐ уште нема одлука за отворање на границите во Белгија, аеродромот Шарлеро најави дека ќе отвори од 15 јуни, но со низа безбедносни мерки за патниците.

Патниците ќе мораат да носат маска што ги покрива устата и носот секаде во аеродромот и да почитуваат физичка дистанца.

Аеродромот ќе инсталира и шатор каде ќе се мери телесната температура на лицата кои сакаат да влезат, мерењето ќе го врши Црвениот крст.

Управата на аеродромот препорачува сите резервации да се прават преку интернет, вклучително и за паркингот.

Аеродромот е затворен од 24 март поради пандемијата.

Белгиските власти сметаат дека начелно овие нови мерки минимум ќе чинат 170.000 евра.

Аеродромот планираше да отвори повторно на почетокот на мај, но мораше да ја одложи одлуката на барање на властите.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж