Белгиски универзитет го анализира имунолошкиот систем пред и по заразата со Ковид-19

Од:

Белгискиот универзитет ВУБ работи на анализи на крвта на инфицирани пациенти со Ковид-19 за да утврди како реагира имунолошкиот систем, што треба да помогне за развој на третман за оваа болест, пренесуваат белгиските медиуми денеска.

Научниците објаснуваат дека имунолошкиот систем реагира на различни начини кога е нападнат од вирус: тој може да се заштити, но може и да има прекумерна одбранбена реакција, преку масовно производство на молекули кое го загрозува животот на пациентот.

Универзитетскиот тим ќе ги анализира разните имунолошки параметри, како тие реагираат и колку време остануваат активни. Тие се надеваат дека преку разбирање на тоа кои компоненти на имунолошкиот систем се позитивни, а кои се негативни, би било возможно да се изнајде третман побргу и поефикасно.

Сепак, научната заедница е согласна дека единствено ефикасно решение за да и се стави крај на пандемијата е вакцината. Меѓутоа, подобро разбирање и анализа на реакциите на имунолошкиот систем треба да придонесе и за развојот на безбедна и ефикасна вакцина.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on