Белгиската полиција приведе шест лица заради заговор за атентат во Брисел за Нова Година

Од:

Белгиската полиција денеска во Брисел приведе шест лица во врска со заговор за атентат во престолнината за Нова Година, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на федералното обвинителство.

Подоцна во текот на денот судија ќе одлучи дали да ќе остави во притвор или ќе ги ослободи.

Бриселските власти синоќа ги откажаа сите празнувањата во белгиската престолнина за Нова Година, обраложувајќи го овој потег со заканата од терористички напад.

Денеска, друг судија, исто така, одлучи двајцата мажи, кои беа идентификувани како Саид С.(30) и Мохамед К. (27), а беа притворени во неделата и понеделникот, уште еден месец да останат во притвор, откако во вторникот беа обвинети за планирање напад во Брисел за Нова Година.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски