Белгиската министерка за надворешни на интензивна нега поради Ковид-19

Од:

Министерката за надворешни работи и поранешна премиерка на Белгија, Софи Вилмес, е хоспитализирана на интензивна нега откако беше заразена со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Четириесет и пет годишната Вилмес пред една недела на социјалните мрежи извести дека е позитивна на вирусот, во меѓувреме состојбата и се влошила и е префрлена на интензивна нега, соопштија од нејзиниот кабинет.

Од болницата смируваат дека нејзината состојба е стабилизирана, но дека има потреба од постојана нега.

Во Белгија во изминатите 24 часа забележани се рекордни 13.227 новозаболени лица и 50 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on