Белгија: Значаен пад на бројот на новозаразени од Ковид-19

Од:

Кризниот штаб за коронавирусот на Белгија вели дека забележува “спектакуларен“ пад на бројот на нови инфекции од Ковид-19, иако промените во начинот на тестирање може да се сметаат како една од причините, јави дописничката на МИА од Брисел.

Помеѓу 30 октомври и 5 ноември бројот на новозаразени паднал на 9.487 дневно, што претставува пад од 40 отсто во споредба со претходната седмица, објаснија властите на денешната прес конференција.

Според Институтот за јавно здравје на Белгија треба да се има предвид дека стратегиите за тестирање во земјата се променети и асимптоматските случаи повеќе не се тестираат, што би можело да игра улога во намалените статистики.

И натаму загрижува бројот на смртни случаи, кој е во подем за 55 отсто во споредба со претходната недела. Во просек дневно умирале 179 лица во изминатата седмица.

-Релативно добра вест е што се потврдува тенденцијата од минатата недела на намалување на бројот на хоспитализации, изјави портпаролот на кризниот штаб, Ив Ван Латем.

Меѓутоа, треба да се има предвид дека сѐ уште расте бројот на пациенти кои се примаат на интензивна нега, се очекува пикот да биде постигнат во текот на оваа недела и да остане под 1.500 пациенти.

Доколку се потврдат сегашните тенденции, Белгија ќе може да прогласи дека пикот на хоспитализации е поминат на трети ноември, една недела по пикот на новозаразени, изјавија од штабот.

За добра вест се смета и фактот што се намалува бројот на нови случаи кај возрасното население кое е и најранливо. Две третини од новозаразените имаат меѓу 20 и 60 години, според последните бројки.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски