Иако полека се намалува бројот на новозаразени од Ковид-19 во Белгија, во последните 24 часа се регистрирани нови рекордни 354 починати во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.
Последниот пик на смртни случаи е на шести ноември со 208 починати, но не е исклучено и денешната бројка од 345 да биде надмината, предупредуваат здравствените власти и информираат дека болничките капацитети се блиску до својот краен лимит.
Утешително е што бројот на новозаразени и на нови хоспитализирани, вклучително и на интензивна нега, константно се намалува, и иако расте бројот на смртни случаи, тој расте побавно од досега.
Според властите бројот на новозаразени се преполовува секои осум дена, надежта е дека бројката ќе се спушти под илјада за еден месец.
Портпаролот на кризниот штаб смета дека „полека излегуваме од катастрофалното сценарио“, но дека треба да се остане внимателен.