Белгија регистрира нови 1.189 случаи на заразени со коронавирусот

Од:

Здравствените власти на Белгија соопштија дека во последните 24 часа се регистрирани нови 1.189 случаи на заразени со коронавирусот во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вкупниот број потврдени случаи се зголеми на 13.964, од кои 58 отсто се на северот на земјата, 29 отсто на југот, а 11 отсто во Брисел и околината. Два отсто од случаите се лица со резиденција во странство.

Во последните 24 часа се хоспитализирани дополнителни 560 пациенти, додека пак 436 можеле да ја напуштат болницата. Вкупниот број смртни случаи се искачи на 828, од кои 123 само во последните 24 часа, соопштија властите.

Што се однесува до капацитетот на интензивната нега на белгиските болници, за сега е искористен 54 отсто, 67 лица се примени на интензивна нега вчера.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on