Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Од:

Белгија ќе иницира разговори за можни трговски санкции на ЕУ против Израел поради неговите акции во Појасот Газа, кои доведоа до смрт на повеќе од 34.000 луѓе, изјави белгискиот премиер Александре Де Кро.

„Белгиската влада пред неколку недели одлучи да воведе трговски санкции против Израел. Меѓутоа, ако самата Белгија ги воведе овие санкции, тогаш трговските патишта едноставно ќе се променат, така што веќе неколку недели зборуваме за решавање на овој проблем“, рече тој.

Премиерот на Белгија потсети дека Европската Унија склучила договор за асоцијација со Израел, кој содржи услови поврзани со човековите права и наведе дека Белгија побарала од шефот на европската дипломатија Жозеп Борел „да го разгледа ова прашање“.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа