Белгија ќе го екстрадира Салах Абдеслам во Франција

Од:

Белгискиот суд денеска одобри осомничениот за париските напади Салах Абдеслам да биде екстрадиран во Франција, соопшти белгиското федерално обвинителство.

Адвокатот на Абдеслам претходно изјави дека неговиот клиент изразил подготвеност да соработува со француските власти и оти нема да ја обжали одлуката за екстрадиција.
Обвинителството соопшти дека сега Брисел и Париз ќе треба да се договорат како Абдеслам да биде префрлен од Белгија во Франција.

По апсењето на 18 март, Абдеслам одговори на некои прашања на истражувачите, но по нападите на 22 март го искористи своето право на молчење. Истражителите се убедени дека нападите во Париз и во Брисел се извршени од една иста исламистичка мрежа.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски