Белгија е блокирана од снежни врнежи, долги колони возила заглавени по автопатиштата

Од:

Белгија денеска е блокирана од обилен снег, што од вчера почна слабо да паѓа и во текот на ноќта премина во снежна бура.

Локалните медиуми соопштуваат дека околу 8.00 часот утринава по патиштата имало задржувања во вкупна должина од над 1.600 километри, а во обичен ден во овој дел од сезоната задржувањата се на околу 200 километри.

Во Брисел движењето на автобусите и трамваите од градскиот транспорт е многу отежнато, а во Лиеж јавниот превоз денеска целосно е запрен.

Супербрзите возови кон Париз се движат, но со бризина од 170 километри на час, за 50 километри на час побавно од вообичаеното.

Аеродромот во Брисел прифаќа летови, но нормалниот режим на работа е многу нарушен. Неколку десетици летови се откажани или забавени утринава, главно од Холандија, Германија, Швајцарија и Италија. Ситуацијата е слична и на јужниот аеродром Шарлоа, а аеродромот во Лиеж, што опслужува главно товарни авиони, е затворен.

Во следните денови се очекува да продолжат снежните врнежи и температурите да останат под нулата. Минатата недела температурите достигнаа 19 степени над нулата, па така за само неколку дена е измерена разлика од 25 степени.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски