Белата куќа: Ужасно е официјално лице во Русија да сугерира смртна казна за Американци во Украина

Од:

Белата куќа смета дека е „ужасно“ тоа што руско официјално лице сугерираше оти Американците заробени во Украина може да добијат смртна казна.

– Ужасно е официјално лице во Русија да сугерира смртна казна за американски државјани… во Украина, изјави портпаролот Џон Кирби.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков информираше дека заробените Американци подлежат на судски одлуки. Тој не ја исклучи можноста да им биде изречена смртна казна.

Песков во интервју за американската телевизија Ен-би-си, појасни дека двајца Американци, заробени додека се бореле на украинска страна во војната, биле платеници кои ги загрозиле животите на руските војници и оти би требало да одговараат за своите дела.

Вашингтон ја отфрли изјавата на Песков дека заробените Американци се платеници и оти за нив не важат Женевските конвенции.

– Очигледно е дека не се согласуваме со тоа, што јасно го пренесовме до руската Влада, истакна неименувано лице од Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија