Белата куќа повторно се заканува на новинарот Акоста од Си-Ен-Ен

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно се заканува со укинување на акредитациите за известување од Белата куќа на новинарот на Си-Ен-Ен Џим Акоста.

Пред две седмици, Белата куќа му ја одзеде акредитацијата на Акоста, но федерален судија наложи таа привремено да му биде вратена. Белата куќа сега му испрати писмо на Акоста, во кое наведува дека донеле „прелиминарна одлука“ за укинување на акредитацијата по завршувањето на периодот предвиден со судскиот налог.

Администрацијата на Трамп пред две недели му ја одзеде акредитацијата на Акоста откако тој го оспори ставот на Трамп дека карванот мигранти од Централна Америка е „инвазија“. Белата куќа исто така го обвини новинарот за грубост кога помошничката од Белата куќа се обиде да му го одземе микрофонот , иако видеото покажува дека Акоста не беше агресивен со неа.

Минатата недела судија донесе одлука од „ограничена природа“, со која на Акоста привремено му се враќа акредитацијата. Во меѓувреме, Си-Ен-Ен поднесе тужба против американската администрација поради кршење на Шрвиот и Петтиот амандмант од Уставот на САД.

„Непрописното одземање на акредитациите го крши правото на слободата на печат на Си-Ен-Ен и на Акоста кои произлегуваат од Првиот амандман за слободата на печатот и Петтиот амандман за правото на правичен процес“, стои во соопштението на Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Трамп разговараше со Путин за ставање крај на војната во Украина

Трамп: Нема да го депортирам принцот Хари, тој има доволно проблеми со сопругата

Горан Наумовски

Пентагон: Израел ќе купи оружје од САД во вредност од 7,4 милијарди долари

Карим Кан, првиот човек на МКС е „погоден“ од американските санкции

Трамп ќе отпушти агенти на ФБИ кои ја водена истрагата во Капитол во 2021 година

Пентагон е „нападнат“ од Илон Маск: Трамп му даде одврзани раце

Горан Наумовски