Белата куќа повика да се почитува редот и законот во САД

Од:

Од Белата куќа уште еднаш укажаа дека наводно зад протестите стојат екстремисти од левичарската организација „Антифа“ и ги повикаа демонстрантите да го почитуваат „редот и законот“.

Ова денеска за телевизијата Фокс њуз го изјави Кејли Мекенани, портпаролка на Белата куќа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп пак синоќа „Антифа“ ја именуваше како терористичка организација.

Денеска тој има средба зад затворени врати со јавниот обвинител Вилијам Бар, а потоа ќе одржи телеконференција со гувернерите и претставниците на безбедносните служби и органи задолжени за националната безбедност.

Синоќа, полицијата и пожарните служби ги гасеа пожарите околу Белата куќа и ги протеруваа демонстрантите, кои кршеа излози и вршеа грабежи, како во престолнината, така и во други места како Атланта, Њујорк и во некои градови на јужна Калифорнија.

За воспоставување на поредокот во САД, во 23 сојузни држави и во Вашингтон е ангажирана и Националната гарда.

Синоќа во Луисвил, Кентаки, загина едно лица, откако полицијата и Националната гарда отворија оган во обид да ја растераат толпата.

Немирите започнаа во Минеаполис во понеделникот, по убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканец, кој почина како последица на брутално полициско однесување за време на приведувањето.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ