По поразот на Републиканската партија на изборите за Сенатот и Претставничкиот дом на САД, Белата куќа денеска соопшти дека Доналд Трамп останува претседател на Соединетите Држави.
– Јавно известување: Трамп сè уште е ваш претседател, напиша Белата куќа во кратка објава на платформата за социјални медиуми „Икс“ (X).
Според медиумските извештаи, директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг, ја пренел истата порака претходно денеска.
– Доналд Џ. Трамп е претседател на Соединетите Држави. Тој сè уште е ваш претседател!, изјави Чунг.
На изборите за Конгресот на САД, демократите обезбедија мнозинство во двата дома – освојувајќи 229 места во Претставничкиот дом (наспроти 163 за републиканците) и 54 места во Сенатот (наспроти 43 за републиканците), според објавените изборни проекции.
Што се однесува до изборот на гувернери на сојузните држави, демократските кандидати победија во 26 држави, додека републиканците победија во 20.
