Бела куќа: САД ја ограничуваат употребата на противпешадиски мини

Од:

Соединетите Американски Држави одлучија да ја ограничат употребата на противпешадиски мини, придружувајќи им се на другите земји ширум светот, вклучително и сите сојузници на НАТО, во забраната на тоа оружје, соопшти денеска Белата куќа.

Овој потег го одразува уверувањето на претседателот Џо Бајден дека противпешадиските мини „предизвикуваат непропорционален удар врз цивилите, вклучително и децата, долго откако ќе престанат борбите“, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Оваа промена не се однесува само на американската политика против пешадиски мини на Корејскиот полуостров со оглед на посебните околности во областа и ветувањето на САД дека ќе ја бранат Јужна Кореја“, се додава во соопштението.

Забраната ќе ја усогласи американската политика со Конвенцијата од Отава, меѓународен договор со кој се забранува употреба, акумулација, производство и пренос на противпешадиски мини.

„САД, исто така, ќе работат на уништување на сите залихи противпешадиски мини, освен оние потребни за одбрана на Јужна Кореја“, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност