Бела куќа: Пронајдени нови доверливи документи во гаражата на Бајден во Вилмингтон

Од:

Адвокатите на американскиот претседател Џо Бајден пронајдоа мала количина доверливи документи во неговата гаража во Вилмингтон, Делавер, соопшти денеска Белата куќа.

По откривањето на десетина документи од овој тип во поранешната канцеларија на Џо Бајден во Вашингтон, кои тој ги користел додека бил потпретседател, неговите адвокати прегледале две негови приватни резиденции каде што архивите „можеле да бидат преместени за време на транзицијата од 2017 година“ објави специјалниот советник на Бaјден, Ричард Заубер.

-Медиумите објавија дека ја документираат веста за откривање нови документи, но не ја прецизираа локацијата. Само едно досие е пронајдено во соба веднаш до гаражата, а во домот на Бајден на плажата Рехобот не се пронајдени никакви документи, рече Заубер.

Во изјавата тој вели дека управата целосно соработува за правилно постапување со документите. Овие откритија се срам за демократскиот претседател бидејќи властите ги истражуваат архивите на неговиот претходник на функцијата, републиканецот Доналд Трамп, кој со месеци ги криеше сопствените претседателски архиви на својот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Сомневајќи се за можно попречување на истрагата, ФБИ побара и доби судско одобрение во август да го претресе домот на Трамп, каде што агентите пронајдоа повеќе од 13.000 дополнителни записи, од кои околу 100 беа високо доверливи.

Закон од 1978 година ги обврзува американските претседатели и потпретседателите да ја предадат целата документација, пораки, мејлови, писма и работни документи до Националниот архив.

Бајден на заедничката прес-конференција со лидерите на Мексико и Канада во вторникот изјави дека сериозно ги сфаќа доверливите документи.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

САД: Можеби нема смисла Зеленски да дојде доколку нема конечна верзија на договорот

АП: Трамп подготвува повеќе од 100 извршни наредби на првиот ден во Белата куќа

Белата куќа ја предупреди Украина

Ана Ололовска

Бајден ќе потпише закон за заштита на хомосексуални бракови, ќе организира и прослава

А1он